Лабина до Заев – пукај бе братучед

Култната Замира, главната споредна женска улога во антологискиот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, го обвини премиерот Зоран Заев и луѓето околу него за цензура.



Лабина Митевска (филмската Замира) во три писма го известувала премиерот за некоректниот однос и цензура кон нејзиниот филм „Кога денот немаше име“.

Во филмот, Лабина,  според некои медиуми, се занимава со темата и со мистеријата околу Смилковско Езеро – филм за кој имало обид да биде исклучен од репертоарот на овогодишниот фестивал Браќа Манаки, иако веќе истиот филм бил поканет на филмскиот фестивал во Берлин уште од февруари.

Има податоци, вели филмската Замира и реалната Лабина,  за силни индиции за спроведување цензура и политички притисок врз директорот и селекторот на берлинскиот фестивал и по други сигнали по неформални канали…

Во писмото до Заев, Лабина вели дека добила реакција од кабинетот на ресорниот министер (за култура) во која ја уверувале дека такви сплеткарења и удари на слободата на изразување не се можни и дека случајот брзо ќе се расветли по соочување на сите инволвирани и одговорни за оваа манифестација.

Писмото на Лабина Митевска, сосем случајно временски коинцидира со враќањето на предметот „Монструм“ на почеток што се толкува како наводно ослободувањето на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година.

Еден лидер на една опозициона партија тврдеше дека имал серизни аудио записи кои го откривале вистинскиот убиец кој ликвицирал пет малолетници и случаен рибар во мај 2012 година.