Куче „скитник“ одбрани жена од уличен крадец (ВИДЕО)

Не попусто ги нарекуваат „најдобриот пријател на човекот“, а  ова видео го потврдува тоа.



https://www.facebook.com/p.vremeplov/videos/929849767163031/

На неверојатната снимка се гледа моментот кога храбар пес спречува жена да биде ограбена на улица.

На видеото, снимено во Подгорица, се гледа како човек во жолта јакна следи жената додека  црно куче, за кое се верува дека е скитник, внимателно набљудува што се случува.

Човекот ја зграпчува жената одзади која паѓа кога се обидува да ѝ ја грабне чантата.

Но, кучето влегува во акција, гризејќи ги задникот и нозете на човекот. Потенцираниот арамија се откажува од намерата и почнува панично да бега.

Видеото, беше објавено на групата на Фејсбук, „Подгорички времеплов“, а членовите биле полни со восхит за кучето, при што многумина побараа да добие медал за својата храброст.