Курц не ја сака Турција во ЕУ

Во пресрет на Самитот ЕУ-Турција што почнува вечерва во Варна, Бугарија,  австрискиот канцелар Себастијан Курц повика на суспендирање на какви било разговори за пристапот на Турција во ЕУ. „Условите за пристапување не се исполнети и затоа преговорите за пристапување на Турција мора да завршат“, изјави Курц за германското издание на „Ди Велт“.



Според него, финансиските параметри на претпристапната помош, која беше проектирана на 4,45 милијарди евра за периодот 2014-2020 година, треба да се разгледа одново.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц смета дека „пристапувањето на Турција во ЕУ ќе создаде опасност за миграциски движења“.

Турција очекува, согласно Договорот од март 2016 да ѝ биде исплатен преостанатиот дел од ветените 3 милијарди евра од ЕУ наменети за згрижување на 3,5 милиони евра на турска територија, бидејќи досега биле префрлени само 860 милиони.