Курти со честитка до Мицкоски за изборот како премиер: Косово и Р*М се соседи, но и блиски сојузници и партнери во НАТО и на патот кон ЕУ

„Косовскиот премиер Албин Курти му честиташе на Христијан Мицкоски за преземањето на функцијата нов премиер на * Македонија. Во својата честитка Курти нагласи дека Косово и * Македонија не се само соседи, туку и сојузници и блиски партнери насочени кон НАТО, регионалната соработка и ЕУ.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА во својата вест со наслов „Курти му честита на Мицкоски: Да ги засилиме заемните односи“.



ИНА ја пренесува честитката, која ја објави Курти на општествената мрежа икс (поранешен твитер): „Честитки до Христијан Мицкоски за изборот за претседател на Владата на Република * Македонија. Косово и * Македонија не се само соседи, туку и блиски сојузници и партнери во ориентацијата кон НАТО, регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ.“