Косовскиот премиер Албин Курти поднесе оставка од функцијата премиер неколку часа пред да положи заклетва како пратеник во косовското Собрание.
Одлуката за оставка ја соопштил со писмо испратено до секретаријатот на косовското Собрание.
Но, конститутивната седница на косовското Собрание денеска беше прекината откако не беше усвоен извештајот на комисијата за верификација на пратеничките мандати.
Неизвесно е дали на денешната седница ќе биде избран претседател на Собранието.
Доколку не се обезбеди мнозинство законот предвидува нови продолженија што може да доведе до политичка криза.
Самоопределување на Курти доби 48 пратеници на неодамнешните парламентарни избори, што значи дека за мнозинство од 61 пратеник ќе мора да бара коалициони партнери меѓу партиите на малцинствата.
Курти беше на чело на владата од 2021 година, а неговата политика се карактеризира со цврсти ставови кон Србија и реформи во земјата.
Неговиот мандат беше обележан и со тензии во северно Косово и сложени односи со меѓународните партнери.






