Остри критики на адреса на СДСМ упати Софија Куновска при своето гостување во емисијата „Само вистина” на Канал 5 повикувајќи ги да организираат отчетен конгрес за своите седум години на власт, пред да започнат со критики кон новата Влада.
Според неа, уште ги чувствуваме последици од владеењето на СДСМ и ДУИ.
– Венко Филипче дојде за да го анестезира СДСМ. Потребно е да дојде нов свеж бран т.е простор на новата влада да ги санира последиците од претходната влада и да покаже дека ги реализира своите ветувања – рече Куновска.
Според неа, сега е моментот новата Влада да покаже дека може да ги оствари своите ветувања и да спроведе реформи што ги очекуваат граѓаните.
Извор: Канал 5





