Министерот за надворешни работи во сенка на Нea демократија (НД), Јоргос Комуцакос, испрати три забелешки до Алексис Ципрас , по средбата на грчкиот и македонскиот премиер во Давос.
- Ципрас не ја посочил потребата од промена на уставот на соседната земја, што беше единствената вистинска гаранција за обезбедување крај на секој израз на иредентизам од страна на Скопје.
- Преименувањето на автопатите на скопскиот аеродром и на БЈРМ, најавено од Заев, енешто што може лесно да се отповика во иднина или од (некоја) друга влада во Скопје. Освен тоа, ова е обврска на Скопје според член 7 од Времената спогодба од 1995 година.
Наспроти тоа, Грција даде нешто што дефинитивно не може да се отповика: Имено, нејзината поддршка за кандидатураа на БЈРМ во Јадранско-јонската иницијатива и ратификација на втората фаза од договорот за асоцијација на Скопје со ЕУ во грчкиот парламент, пренесуваат грчки медиуми.
- НД е особено загрижена дека преговорите, се чини, се движат во правец на логиката за „одвојување“ на проблемите, додека долготрајната позиција на Грција беше дека решението за прашањето за името erga omnes и укинувањето на иредентизмот се единствена и неделива целина, кои заедно го сочинуваат условот за овозможување на процесот за покана на БЈРМ во НАТО кон ПЈРМ и за започнување процеси за нејзино пристапување во ЕУ.
Кумуцакос ја повика владата да одговори јасно на овие три прашања и додаде дека НД ќе направи нова проценка на ситуацијата „кога ќе знаеме се што е договорено во оваа фаза“.





