Кумуцакос: Името, употребата и иредентизмот се дел од ист пакет

 

Јоргос Кумуцакос, „министер за надворешни работи во сенка“ на Неа Демократија (НД) во интервјуто за „Реал вњуз“ изразил длабока загриженост во врска со можноста за „сецкање“ на неразделниот пакет „името на пЈРМ, неговата употреба и иредентизмот“.



Како што истакна, клучен датум е Самитот на ЕУ на 17 мај под бугарското претседателство на ЕУ, кој ќе се фокусира на Западен Балкан и „доколку има резултат во европскиот контекст тоа исто така ќе има влијание и за НАТО”, пренесува АНА-МПА..

Тој рече дека условите се подобри од оние во 2007 година, а владата „треба да направи многу подобар договор“.