Вечерва од 20.45 се игра во првите четири групи во ЛШ во кои има 4 пополнети и 4 слободни места за осминафиналето со тоа што освен приоритетниот пласман во елиминациите во прашање е и местото на конечната табела бидејќи тоа може да донесе полесен противник.
Во првата група Манчестер Јунајтед се држи во свои раце. Ѓаволите ја дочекуваат ЦСКА и со победа, пораз, па дури и со полесен пораз одат натаму и главното прашање е кого ќе повлечат со себе, Русите или Базел кој гостува кај навидум незаинтересираната Бенфика. Ако загубат и Армејците и Базел, Швајцарците се во предност.
Во вториот собир мега пресметка во Минхен меѓу Баерн и ПСЖ со тоа што Германците би им го зеле врвот на Французите само со повисока победа.
Во третата група Челзи е сугурен во осминафиналето, но ако загуби од Атлетико дома нема да биде прв. Што се однесува до Мадриѓани тие за второто место задолжително треба да слават во Лондон, но и Рома да загуби пред своите гледачи од Карабах.
Слична ситуација и во четвртата конкуренција во која Барселона со бод против Спортинг ќе остане прва, но затоа на Спортинг тој би му бил премалку да го стаса Јувентус кој игра кај Олимпијакос и не може да биде комотен иако во новата фаза може да мине и со пораз.




