Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска повторно се најде во ,,ofside” односно во тешка ситуација откако кажала неточни работи и сега од неа се бара да се извини за клевета.
Министерката за енергетика Сања Божиновска вели дека Кузеска за кратко време на два пати за излажала јавноста.

Според министерката Кузеска прво грешела за членови на управни одбори а сега лажела за пресуда.
Божиновска бара да биде објавена наводната пресуда а Кузеска да се извини.
,,Богданка Кузеска пак излезе со неточни информации во јавноста. Прво не знаеше точно кои се кадрите во управните одбори, сега излегува во јавност и зборува за наводна пресуда за мене што во реалност не постои. Ако има таква пресуда нека ја објави јавно. Но бидејќи такво нешто нема, очекувам извинување за нанесените клевети во форма и на начин како што ги објави неточните информации на прес конференција”, пишува Божиновска.






