Денешниот голем празник Богојавление – Водици традиционално беше одбележан со осветување на водите на Преспанското езеро и со положување на светиот крст во осветените води од страна на Отец Сотир Гочевски.

Оваа година 61 верник беа пријавени за да учествуваат во светиот чин на извлекување на светиот крст од водите на Преспанското езеро.

Најсреќен меѓу пријавените беше Марио Павловски кој успеа да го фати светиот крст, кој од страна на покровителот на настанот Градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски традиционално беше даруван.

Богојавление – Водици на брегот на Преспанското езеро од година во година е се повеќе посетуван настан, а годинава присуствуваа околу 1500 верници.
Видео во линкот






