Ѕвездата од филмовите „Married… with Children„ „Samantha Who?“, „Heart of the City“ и многу други, се одлучи за драстична операција, бидејќи нејзината сестра почина пред неколку години од рак на јајниците.



„Значи, ја презедов контролата врз моето тело. Ова е големо олеснување “, изјави Кристина Еплгејт (45).

Актерката имаше рак на дојките во 2008 година и има двојна мастектомија.
„Немам гради и не морам да одам на мамограми, но треба да одам кај онкологот до крајот на мојот живот “, изјави Кристина.

Таа верува дека хемикалиите во храната предизвикуваат рак, така што јаде само органско овошје и зеленчук, и е на вегетаријанска исхрана.