Кривична пријава за Фатмир Етеми за измама при работење со хартии од вредност во скопска банка

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за финансиски криминал во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична пријава против Ф.Е. од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „измама при работењето со хартии од вредност и удели по чл. 275 ст. 3 од кривичниот законик.



Пријавениот во својство на член на Надзорен одбор на банка од Скопје, злоупотребил внатрешна информација која се однесува на висината на дивидендата за 2023 година, која како член на надзорен одбор ја дознал во текот на 2024 година. На тој начин користејќи ja ценовно чувствителната информација истиот се стекнал со 500 обични акции, по просечна цена на чинење на акција од 16.400,00 денари или вкупно за акциите платил 8.200.000,00 денари.