57-годишен маж од Прилеп доби кривична пријава од
Основното јавно обвинителство Кичево поднело кривична пријава против маж(57) од Прилеп поради постоење на сомнеж дека сторил кривично дело – предизвикување на шумски пожар.
Министерството за внатрешни работи сиоопшти дека во повеќе наврати Д.Т. предизвикувал пожари на територија на Општина Македонски Брод.
Тој бил затекнат на место на настанување на пожар и при преглед биле пронајдени предмети со кои ги предизвикал пожарите.
Откако бил извршен службен разговор, лицето ги признало делата.
„Пријавениот Д.Т.(57) од Прилеп, во повеќе наврати, на 15.07.2024, на 30.07.2024, 02.08.2024, на 05.08.2024 и на 07.08.2024 во атарите на с.Слатина и с.Грешница, општина Македонски Брод, предизвикувал пожар на отворен простор, кој се проширувал и настанувале пожари на поголема површина, каде горела трева и нискостеблести растенија“,соопшти МВР.
Изминатите денови, полицијата информираше дека се пронајдени и уапсени повеќе лица кои се сомничат дека предизвикале шумски пожари.
Вчера, беше уапсен жител на Општина Чашка, додека пак минатата недела, од слобода беа лишени лица кои предизивкале пожар во Прилепско, Радовишко и Свети Николе.






