Кривична пријава за женска тепачка, се тепале две на две при што користеле тврди предмети

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски во денешниот билтен информира за поднесена кривична пријава за ,,женска” тепачка во Кичево каде дошло до инцидент меѓу две групи сопствени од по две жени.



Во тепачката која се случила на 9ти минатиот месец се користеле тврди предмети.

,,СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(52) и А.И.(27), двете од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 09.04.2025 во двор од куќа на С.П., по претходна расправија, пријавените физички ги нападнале С.П. и Ј.Д., двете од Кичево, при што употребиле и тврди предмети”, стои во соопштението на СВР Охрид.