Кривична пријава за Бојмацалиев – Стопирал вработување на стручен кадар

Кривична пријава заработи Митко Бојмацлиев, поради тоа што запрел вработување на полицајка од Прилеп. Кривична е поднесена против М.С. началничката на секторот за управување со човечки ресурси. Според МВР полицајката ги минала успешно сите фази од постапката за вработување, со што ѝ го повредиле правото од работен однос.



Првопријавениот Бојмоцлиев делото за кое се гони го направил додека бил на работно место шеф на кабинет на министерот Спасовски, и дека заедно со началничката на Секторот за управување со човечки ресурси не придржувајќи се на законските одредби од Законот за внатрешни работи го повредиле, одзеле или ограничиле право што на работник.

-Имено, М.Б., свесно и со намера да не се склучи договор за работа помеѓу Министерството за внатрешни работи и С.Т. од Прилеп, на 27 октомври лани издал наредба на второпријавената М.С. да го повлече веќе изработениот, потпишан од Министерот за внатрешни работи и заведен во писарницата на МВР, договор за работа на С.Т., а второпријавената М.С. постапила по издадена наредба од првопријавениот и го повлекла веќе изработениот и потпишан договор за работа. Таа била вклучена во постапката за вработување како еден од најдобрите студенти од факултетот по препорака на Деканот на факултетот за безбедност, а која воедно успешно ги поминала сите фази од постапката за вработување и ги исполнила сите потребни услови за засновање на работен однос, соопшти МВР.

Освен кривична пријава одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против нив ќе поднесе и предлог за дисциплинска постапка и ќе изрече мерки за отстранување од работното место до завршување на постапката.