Кремљ: Украина може во ЕУ, но не и во НАТО

„Во однос на пристапувањето на Украина во ЕУ, тоа е суверено право на која било земја… Никој не може да диктира на друга земја и ние не планираме да диктираме“, изјави Дмитриј Песков, потпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, на почетокот на руско-американските преговори кои почнаа денеска во Саудиска Арабија.



„Но, тоа е сосема поинаку кога станува збор за безбедносни прашања и воени сојузи. Овде имаме поинаков пристап кој е добро познат“, рече тој.

Трајно решение во Украина е „невозможно“ без решавање на поширокото прашање на европската безбедност, соопшти  Кремљ, додека САД и Русија ги одржаа првите разговори на високо ниво по офанзивата на Москва против Киев.

Пред да ја започне својата офанзива во февруари 2022 година, Москва побара од НАТО да се повлече од централна и источна Европа.

„Трајно и долгорочно одржливо решение е невозможно без сеопфатно разгледување на безбедносните прашања на континентот“, рече Песков, одговарајќи на прашање на АФП.

Путин не сака договор со Зеленски и го доведува легитимитетот на украинскиот претседтел чиј мандат истече минатта година.

„Петгодишниот мандат на Зеленски ќе истечеше минатата година, но украинскиот закон не налага претседателските избори да се одржат кога земјата е во воена состојба.

Москва го игнорира тоа и постојано нагласува дека не го гледа Зеленски како „легитимен“ претседател.

Зеленски рече дека би бил подготвен за „компромис“ и да се сретне со Путин, но само откако Украина и нејзините сојузници договорат заедничка позиција за тоа како да се стави крај на војната.