Невистинити се информациите за наводен телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
„Нема разговор, информациите се невистинити, тоа е чиста фикција“, изјави Песков..
„Ова е најочигледниот пример за квалитетот на информациите што се објавуваат сега, понекогаш дури и во прилично реномирани публикации“, рече Песков како што пренесува Гардијан
За време на претседателската кампања, Трамп изјави дека доколку стане претседател на САД веднаш ќе стави крај на војната во Украина, иако не откри детали како ќе го стори тоа.
Сепак, сигнализираше дека ќе поддржи договор според кој Русија ќе задржи дел од освоената територија.






