Никој не очекуваше дека ова холивудската двојка ќе се разведе. Ана Фарис, најпозната по улогите во култната серија „Scary Movie“, и актерот Крис Прат се заедно од почетокот на 2007. година.



Од моментот кога започнаа да се забавува беа неразделни, а во јули 2009. година, тие се венчаа во интимна и романтична церемонија на Бали. Три години подоцна, тие го добија синот Џек, кој е роден предвреме и на почеток имаше сериозни здравствени проблеми.


По десет години на среќа, познатата актерска двојка се соочи со проблеми кои не можат да бидат надминати. Затоа, тие одлучија на нивниот брак да му стават крај, но да останат во добри односи, се открива од нивната заедничка изјава за разводот.

“Жалиме што мора да ви соопштиме дека и официјално се разделуваме. Долго се обидувавме и ние навистина сме разочарани. Но, нашиот син има двајца родители кои го сакаат многу и поради тоа сакаме да ја зачуваме нашата приватност, колку што е можно, додека ние продолжуваме самостојно”, пишуваат Прат и Фарис, додека социјалните мрежи се вжештуваа.

На крајот, тие истакнуваат дека тоа не значи дека ќе бидат непријатели и дека ќе ги објавуваат „валкани алишта“ од заедничкото живеење.

“Се уште се сакаме еден со друг и секогаш ќе го цениме времето што го поминавме заедно”, се заклучува во изјавата на Прат и Фарис.