Британскиот крал Чарлс III потврди дека на австралискиот народ останува да одлучи дали земјата ќе остане уставна монархија или ќе стане република.
Британскиот монарх нема да интервенира доколку Австралија одлучи да ја укине монархијата, пренесува Би-Би-Си.
Чарлс III треба да ја посети Океанија следната недела. Тој ќе биде придружуван од кралицата Камила.
Иднината на монархијата во Австралија најверојатно ќе биде тема за време на кралската посета на кралот Чарлс и кралицата Камила, која вклучува настани во Сиднеј и Канбера.
Австралиското републиканско движење напиша писмо до Бакингемската палата пред планираната посета на кралот, барајќи средба со монархот.
Во 1999 година, Австралија одржа референдум на кој се праша дали Австралијците сакаат да се укине монархијата, при што 55 отсто гласаа „против“.
Меѓутоа, во последниве години, ова прашање повторно активно се покренува, при што републиканците веруваат дека со наследувањето на Елизабета II на тронот Чарлс III на престолот, тоа е „природен момент за Австралијците да гледаат во иднината како земја со сопствен идентитет и култура , со свој шеф на државата“.
Д-р Нејтан Рос, помошник приватен секретар на кралот, како одговор на писмото на австралиските републиканци напиша:
„Бидете уверени дека вашите ставови за ова прашање се многу внимателно забележани.
Неговото височество, како уставен монарх, постапува по совет на неговите министри и затоа дали Австралија ќе стане република е прашање на австралиската јавност да одлучи.






