Реал Мадрид е решен да го купи Тимо Вернер и да се ослободи, конечно, од Карим Бензема, но кај новата германска сензација настанува проблем. Имено кај членот на Лајпциг постои опасност, па и најава за извесни здравствени проблеми, па кралевите ќе бараат дополнителни прегледи за да се утврди дека Вернер е потполно здрав.
21 годишниот голгетер во меѓувреме стана стандарден член на „Панцирите“ за кои има 7 гола на 10 меча, и сигурно ќе настапи на СП во Русија.




