Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди отвори истрага и се трага по причината за збунувачкиот диспаритет помеѓу првично нарачаните 400.000 пасоши и доставените 20.000 од средината на февруари, дознава Телма.



Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека заклучно со 18-ти месецов, во Македонија требало да пристигнат 400 илјади обрасци за пасоши. Првичниот договор бил изменет со одреден акт во декември месец, па наместо 400 илјади, добавувачот имал обврска да испорача 22 илјади обрасци.

Во тек е истрага на Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во врска со договорот за набавка на патни исправи.