По објавата на неделникот Фокус за состанок во вилата Водно на кој лани во времето на СДСМ и ДУИ се разговарало за враќање на Никола Груевски се поставува прашањето кој е тајниот учесник на тајната средба во кабинетот на Пендаровски за враќање на Груевски кој не знае англиски јазик.
Ова прашање произлегува од информацијата дека состанокот и неговата содржина биле снимени од административен работник преведувач во кабина за преведување кој наводно го снимил разговорот и го предал на тогашен член на Огнената група кој подоцна се врати во ДУИ.
Сега Огнената група претставувана од Изет Меџити е дел од Вреди и владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со оваа тема интересно е прашањето за кого во кабинетот на Пендаровски за време на состанокот за враќање на Груевски имало потреба да се врши симултан превод во кабина.
Посебно прашање е на кој јазик се вршел преводот затоа што сите присутни на средбата според фотографијата што ја објавува Фокус знаат англиски но и македонски јазик и де факто немало потреба да се врши превод на состанокот.
Упатени во случајот тврдат дека е сомнителна информацијата според која за ваква тајна средба имало потреба за симултан превод во кабина и слушалици за секој учесник.
Единствен кој послабо стои со англискиот јазик од сите присутни, ако се точни информациите на Фокус, е Али Ахмети но тоа не е доволна причина за симултан превод во кабина затоа што нему вообичаено кога нешто не разбира му преведуваат Артан Груби или Бујар Османи.
Да се врши симултан или консекутивен превод преку техничка опрема за која сите знаат дека има можност од снимање на супертајна средба на која според наводите се кршеле закони и се правеле тешки кривични дела според упатените е речиси неверојатно.
Она што според експертите е поверојатно е дека некој од присутните организирал снимање или пак дека некоја високо опремена тајна служба ги следела и снимала во тоа време најмоќните луѓе во државата заедно со двајцата најмоќни амбасадори во Македонија.
По текстот на Фокус за таквата средба денеска и ВРЕДИ излезе со потврда за тајниот состанок за враќање на Груевски кој претходно беше демантиран од Пендаровски.
Ниту еден од посочените како учесници на состанокот кои се на насловната фотографија на Фокус досега не потврди дека имало ваква средба.
Фото: Модифицирана насловна на Фокус
Најчитани статии
Зошто Мицкоски мора од темел да го реформира корумпираниот правосуден систем






