Македонскиот преговарач за името и амбасадор во Вашингтон, Васко Наумовски, денеска на средбата со медијаторот Метју Нимиц и со грчкиот колега Адамантиос Василакис бил придружуван од Александра Миовска, вработена во Министерство за надворешни работи.
Миовска, според нејзините колеги, е еден од најдобрите и најподготвени дипломати од т.н. втор ешалон, кој досега не добил шанса да стане амабсадор.
Меѓу колегите се смета за голем професионалец, сега е дел од кабинетот на министерот Никола Димитров, а нејзините дипломатски вештини за важни прашања биле користени и од кабинетите на двајцата претходни шефови на дипломатијата Никола Попоски и Антонио Милошоски.
Миовска не е член на ниту една партија.





