Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“ на мекедонската јавност ѝ стана познат во 2021 година кога не му беше дозволено во Македонија да внесе “бугарски книги“ за етничките Бугари, во рамките на инцијативата на фондацијата, „Испрати бугарска книга за Македонија“. Тогаш реагираше и бугарското Министерство за надворешни работи, па на крај книгите влегоа во Македонија, објави „Лидер“
Стојанов, одново е во фокусот на јавноста откако вчера на Фејсбук објави пост каде повикува на панихида за Мара Бунева на 12 јануари во Скопје, а таа ќе се одржи во црквата Свети Димитрија.
Во низата антимакедонски објави на оваа фондација беше и кога Стојанов „се пофали“ и дека низ Скопје нејзини членови залепиле 10.000 налепниците на кои пишува дека сме биле еден народ со Бугарите.
Давал 30 евра за деца да учат бугарски јазик. Фондацијата беше актуелна и со тоа што им дава по 30 евра на децата во Македонија за да учат бугарски јазик, литература и историја во рамки на он-лајн училишите, регистрирано во Бугарија и за кое не му треба дозвола во Македонија.
Фондацијата беше во фокусот и со провокативното „чистење“ на споменици низ Македонија, потсетува „Лидер“.
Во мај 2022 година Виктор Стојанов се обидел да влезе во Македонија за да учествува на чествувањето на 119-годишнината од погибијата на Гоце Делчев, што го организирала фондацијата „Македонија“.
Како причина за забрана за влез во државата било посочено дека претставувал „опасност за националната безбедност“.
Лице од Бугарија со забрана за влез во Македонија пак провоцира






