Никос Коѕиас, екс-министерот за надворешни работи на Грција и потписник на Преспанскиот договор обелодени дека актуелната грчка Влада ги распуштила комисиите што постоеја за образовните прашања и за трговските ознаки, формира нови, но не постои напредок.
Османи: Грција смени еден знак – наместо „Скопиа“ сега стои Скопје
„Префектот во Солун, го задржува името „кон Скопје“ или „кон ФИРОМ“ на таблите со што го прекршува грчкиот закон, изгласан од Парламентот.
Не е добро за земјата да не функционира овој Договор“, вели поранешниот шеф на грчката дипломатија.
Тој, во панел дискусија на „Катимерини“ предупреди дека Грција наскоро би можела да престане да го контролира македонското небо во рамките на НАТО, бидејќи договорот за контрола на воздушниот простор сѐ уште не ратификуван во грчкиот парламент.
„Жал ми е многу што Владата на Нова демократија продолжува да го третира случајот со Преспа како внатрепартиски проблем.
Односно, постојат трите протоколи, едниот протокол вели дека ние ќе го контролираме воздушниот простор на с. Македонија. И ова не го носи во Парламентот.
Зошто? Кој ќе биде против? И сега воздушниот простор преку НАТО го преземаат Италијанците, а за кратко ќе видиме што ќе прави и Турција. И се прашувам, кој е придобивката? Која е целта? рече Коѕијас. (Плусинфо)





