На прашањето околу изјавата на Панос Каменос, лидер на партијата Независни Грци,) дека нема да се согласи на име што го вклучува терминот Македонија, и доколку тоа се одрази на преговорите, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас одговорил:
„Право е на секоја страна на постави прашања кои ги сметаат за фундаментални“ изјавил тој и додал:
„Она што е потребно е мнозинството пратеници, а не мнозинството на партии, и мнозинство на одговорност. Кој и да сака да ја преземе одговорноста е – мнозинство“.
Дури и оние кои нѐ критикуваат или гледаат на нас сосомневање затоа што сакаме да го решиме тоа(спорот-н.з.)”, додаде Коѕиас и рече дека ќе беше подобро за земјата „да се решеше во 1992 година“. Министерот уште додал дека „силите кои нѐ прозиваат се оние што не ја преземаа историската одговорност за да го решат…“ и дека сегашната влада во Атина, на примерот на „кипарското прашање“ покажала националниот интерес го става пред се “, пренесуваат грчки медиуми.
Коѕиас вели дека засега немало „име на маса“ како предлог за решавање на спорот.





