Коѕиас: Нимиц ќе донесе нови предлози за името

Според грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас медијаторот во грчко – македонскиот спор за името Метју Нимиц по средбите со македонските домаќини минатата недела на новото патување во европа носи предлози за името.



Како што јавува Балканската независна новинска агенција Коѕиас најавил дека на средбата со Нимиц која ќе се случи наредната недела тој од медијаторот ќе ги чуе предлозите и импресиите што ги има по средбите во Скопје

„Ќе дискутираме и ќе ги слушнеме неговите предлози и импресии од средбите што ги имал во Скопје.

Предходно медијаторот Нимиц во Скопје изјави дека не носи нов предлог и дека за такво нешто ќе треба да поминат неколку месеци.