Шефот на грчката дипломатија упати предупредување до Анкара околу обновениот спор околу егејскиот остров Имиа (на турски Кардак).
Нашата земја не е ниту Ирак ниту Сирија, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Кодијас, за весникот „Прототема“.
„Нема да подлегнуваме на провокации од вооружените сили на нашиот сосед. Но, ќе ја браниме секоја педа наша земја. Секоја едно островче, населено или не, е грчко и тоа е утврдено во меѓународните правни документи”, категоричен е грчкиот министер за надворешни работи.
На 29 јануари турски воени бродови го спречија грчкиот министер Панос Каменос да положи венец на островот Имиа и да изрази почит на грчките војници кои загинаа на островот за време на турско-грчкиот инцидент во 1996. Притоа загинаа тројца војници во хеликоптерска несреќа за време на конфликтот поради кој двете членки на НАТО беа на раб на војна.
Конфликтот беше спречен по дипломатската интервенција на САД.





