Македонските претставници имаат само три победи во сезоната и само еден триумф во последните три месеца што не прави убедливо најлоша балканска или Екс Ју кошаркарска нација. МЗТ Скопје и Охрид кумулативно имаат само малку над 10 насто победи што е незабележано и во овој шампионат, па ако сакате и во сите поголеми низ светот што остава дилема дали ќе добиеме шанса за учество во следните изданија.



Охрид денеска во Чачак доживеа нов тежок пораз во АБА 2 и тоа кај Борац со 100-71 и остана последен, со само една победа и 11 порази во втората регионална кошаркарска конкуренција. По ова шансите за избегнување на последното место на тимот од Билјанини извори се се помали иако до крајот остануваат уште десет кола.

За МЗТ Скопје, пак, има уште помалку можности за истото, само осум рунди до крајот на лигашкиот дел од Првата Јадранска група. Нашиот првак утре (17.00) ја дочекува Игокеа кај која го остваривме единствениот гостински триумф, и која делува како објективна шанса за победа по десет загубени средби. Тоа би оставило теорија за опстанок, а се друго би било почеток на простување од силната и квалитетна кошаркарска дружина.