Во крајно неефикасен натпревар македонските кошаркари ја победија Португалија со 52-47 и успешно го отворија вечерва турнирот “Трофеј Македонија” што се одржува во Скопје. Нападот не ни функционираше никако, направивме премногу грешки, не се читавме, но затоа одигравме многу цврста одбрана што ни ја овозможи втората победа во овие подготовки за претквалификациите за СП.
Македонија имаше минимална предност на полувреме (29:27), во вториот дел постигна само 23 поена, но затоа во 20 минути во вториот дел дозволи само 20 коша. Во мечот со Португалците во арената Борис Трајковски недостасуваше Џордан Теодор што е една од причините за слабата ефикасност.
Утре играме со Холандија која денеска во сосема различен натпревар од нашиот, загуби од Босна со 102-96.




