Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација победи на стартот од предквалификациите за Европското првенство. Попладнево во Попрад бевме подобри од Словачка со 74-66. Клучна за важниот триумф беше втората четвртина кога по 23-22 дадовме нови 21 поен, а противникот го задржавме на само 8 што на полувреме ни овозможи комотни 44-30 кои во вторите 20 минути прво ги зголемивме на плус 18(57-39), па драстично ги намаливме на 4 (59-55),што не внесе во неизвесност, но најважно е дека ги сочувавме за прв и исклучително битен триумф кој веднаш ни ги отвора вратите за првото место во групата. Најдобри поединци кај нас беа Ричард Хендрикс со 21 кош и 14 скока, и Војдан Стојановски со 20 поени.