Најдобрите македонски кошаркари денеска против селекцијата на Босна и Херцеговина ќе се борат за освојување на турнирот што од четвртокот се одржува во Скопје под името Трофеј Македонија. Мечот е од 18 часот, се игра во арената Борис Трајковски и е дел од третото коло во кое и двете репрезентации влегуваат со по две победи од средбите со Португалија и Холандија. Ова е веројатно најдобрата проверка за македонските кошаркари пред почетокот на претквалификациите за Светското првенство.
Тие се на програмата од 2. август кога гостуваме кај Косово, по што на 5. играме со Естонија дома. Од нашиот табор од синоќа и потврда дека Џордан Теодор ја санирал повредата и дека ќе биде фит за официјалните средби кога и ќе и биде најпотребен на Македонија.





