Скопскиот градоначалник во годините наназад беше и добар и помалку добар во извршувањето на обврските. Едни го напаѓаат, други го фалат, и веројатно сите имаат право. Но тоа што Коце Трајановски го изведе во овие денови на фудбалска „лудница“ што ни ја донесоа Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, секако со својот тим, е навистина на највисоко ниво.
Се да заврши како што треба, како што е ред кога гости идат во Македонија, се да мине со добра оценка, а таа во најголем дел ја заслужи првиот меѓу еднаквите граѓани на Скопје.




