Коцарев: На Македонија ѝ требаат обединување и грижа за Македонците и нивниот идентитет и јазик секаде каде што живеат

„Клучното прашање што го поставувам постојано е: како понатаму? На Македонија ѝ е потребно рестартирање.“ – вели академик Љупчо Коцарев од Македонската академија на науки и уметности во својата колумна со наслов „Македонско картезијанско рестартирање“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Покрај другото, Коцарев пишува: За да не изумре Македонија, време е да излеземе од рововите, време е да се обединиме, време е да престанеме да се бориме меѓу себе и во себе, туку да се бориме против корупцијата, дивеењето, алчноста, нечесноста и против сервилноста на сите владејачки гарнитури, какви и да биле: леви, десни, шарени, еднобојни, во центарот, на периферијата.

Време е предизвиците во Македонија да ги разгледаме, да ги анализираме и да ги решаваме, користејќи пристап, што обединува, и водејќи грижа за македонизмот.

Македонизмот подразбира просторен и милениумски континуитет на македонскиот јазик, идентитет и народ, чиј национален супстрат го сочинуваат Македонците, што живеат во државата Македонија, во соседството, вклучувајќи ги тука и Грција, Бугарија и Албанија, и низ целиот свет. Притоа изразот „просторен и милениумски“ е суштествен дел од поимот македонизам и означува дека македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонскиот народ опстојувале илјадници години, опстојуваат денес и ќе опстојат во иднина насекаде: во Македонија, Грција, Бугарија и во Албанија и низ целиот свет.



Целата колумна тука