Академикот Љупчо Коцарев од Македонската академија на науки и уметности – МАНУ повикува на граѓански отпор од сите Македонци против своевидната „Црна листа“ на Грција, која ги „жигосува“ со ставање црни печати на пасошите на граница и со забрана за влез за одреден број години, сите Македонци, што се сметаат од одредени причини како некакви „загрозувачи“ на „грчката национална безбедност“, или кои се противници на „Преспанскиот договор“. Во својата колумна со наслов „Пукајте и на нас, не сме шугави“, која ја објави весникот „Нова Македонија“, Коцарев ги повикува Грција и нејзиниот премиер Киријакос Мицотакис: Ставете ме и мене на ‘Црната листа’!
Покрај другото, во својата колумна академик Коцарев пишува: Македонија од високо државно рамниште најавува акција за заштита на правата на сите свои граѓани, кои Грција беспримерно ги жигосала со тоа што ги ставила на црна листа и им забранила влез во таа земја. Тоа би претставувало интернационализација и расветлување на бесправните „црни зафати на Атина со употребата на тајните оружја на премиерот Киријакос Мицотакис“…
Што е со правата на Македонците, како да се објасни однесувањето на нашите „сојузници“ гледајќи ги геноцидот врз Македонците и негирањето на постоењето на Македонци во Грција и во Бугарија?
Тргнувајќи од тоа дека претставниците на здруженијата од Егејот и активистите во Македонија, меѓутоа и Македонците што стекнале пасоши во други држави – САД, Канада, Австралија…, се наоѓаат на грчката црна листа, надополнувајќи се и на мерките на нашата влада – за црните печати на Мицотакис ќе разбере светот, повикувам на граѓански отпор од сите Македонци. Ќе почнам од себе: И мене ставете ме на листата!
Целата колумна на академик Љупчо Коцарев тука





