„Откако сегашнава Влада и сегашниот Претседател на Македонија, кои се исклучиви виновници за безизлезната состојба во која се најдоа Македонците – ‘во ЕУ само како Бугари и никако поинаку’ – ќе заминат од политичката сцена на Македонија еднаш и засекогаш, време е да се крене рачна, за најпрвин да се прекине сегашнава надолна спирала…“ вели академик Љупчо Коцарев во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.



„Што, според моето мислење, значи „да се крене рачна“?- вели Коцарев:

Прво, раскинување на потпишаниот билатерален Договор со Бугарија.

Второ, да почнеме и тоа да трае најмалку една година, едногласно, сите леви, десни, шарени, еднобојни, во центарот, на периферијата, да говориме за неправедните, понижувачките, нелогичните, бесмислените членови и ставови на договорот со Грција…Тоа треба да го направиме за да сите: и нашите поддржувачи и нашите опоненти да разберат за неправедниот, понижувачкиот, нелогичниот, и бесмислениот договорот со Грција.

Трето, департизација на институциите, подобрување на внатрешната кохезија и градење на доверба кон Владата и кон ЕУ.

Четврто, македонските претставници на билатералниот скрининг да се обврзат на транспарентност: да нема повторно изненадувачки „остварени факти“ и нови „преземени обврски“ за коишто јавноста се запознава откако обврските веќе се преземени.

„Граѓаните на Македонија од другите етникуми треба да разберат дека ние – Македонците, не можеме подолу од тоа каде што сме денес, во спротивно, тие, всушност, не се за соживот, туку го подржуваат разнебитувањето на Македонија, па оттука, слоганот „Македонија – едно општество и едно семејство за сите, сите се граѓани од прв ред“ се трансформира во „Македонија – едно општество без Македонци“, предупредува Коцарев во разговорот со Цветановски на Алфа.