Костовски до Арсовска: До каде ќе оди лудилото, потребна ли е жртва?

До каде ќе оди лудилото, потребна ли е жртва !? – Градоначалникот на Општина Бутел порачува до градоначалничката Арсовска дека со сопствени пари ќе санира улици што се во надлежност на Град Скопје.



Ова го објави градоначалникот, споделувајќи фотографија на која се гледа како автомобил пропаднал со гумата во дупка.

-Со месеци се алармира до Град Скопје, Данела и ЈП Улици и патишта да закрпат една дупка на улица “Радишанска” улица која што е надлежност на градот. Ни трага ни глас, како и за се останато. Јавно посочувам дека со лични средства ќе ја поправам оваа дупка, ако Град Скопје бара кој ивестирал во нивна надлежност без нивно одобрение да знаат кого да бараат. Срамота од невидени размери !- Напиша Костовски.