Костова: Укинувањето на „недела неработен ден“ е директен удар врз правата на работниците

Граѓаните, работниците се соочуваат со економска несигурност и постојано осиромашување. Додека сè поскапува, работниците не можат да се ги дозволат ниту основните производи пред празниците, платите се заковани и не мрдаат, вели Кристина Костова од СДСМ.



Власта сака од работниците да направи робови кои ќе работат за елитата и бизнис партнерите на Мицкоски да се богатат и да уживаат. Изговорите на власта дека во одредени дејности и сега се работи и дека поради тоа треба сите да работат во недела воопшто се неиздржани.Прво, работат мал број на дејности во кои производство е во таков процес да не смее да се прекине, работат аптеки, пекари и така натаму. Целите на секоја Влада треба да биде намалување на овие дејности а не зголемување. Затоа, СДСМ е категорично против укинувањето на недела неработен ден, тоа е директен удар врз работниците, нивното достоинство и нивното слободно време. ДПМНЕ мора да престане со сервилноста кон елитата и да започне да работи во интерес на народот. Ние како партија остануваме цврсто на страната на граѓаните, на страна на работниците бранејќи ги нивните права и интереси, вели Костова.