Косовскиот премиер ќе работел на безбедноста на македонските Албанци

Премиерот на Косово Албин Курти завчера на заедничката сесија на парламентите на Косово и Албанија најави дека ќе работи на поддршка на безбедноста на Албанците го Македонија и другите земји во регионот.



Оваа изјава на Курти според сите дипломатски правила е мешање во внатрешните работи на Македонија.

Во моментов освен ДУИ нема ниту еден меѓународен суд, европска организација за човекови права или друг меѓународен релевантен ентитет кој укажува дека во Македонија Албанците не се безбедни.

„Ни претстои работа не само за нашите граѓани, туку и за поддршка на достоинството и безбедноста на Албанците во соседните земји – Македонија, Црна Гора, а особено Прешевската долина во Србија.

Албанците во Србија се најдискриминираната етничка група во Европа и заслужуваат поголемо внимание во координираните регионални политики на Албанија и Косово.

Албанците не се виновни што се автохтони“, изјави Курти на заедничката сесија на парламентите на Косово и Албанија и најави дека ќе работи на поддршка на безбедноста на Албанците во другите земји во регионот.