Овој чин го доведува под знак прашање владеењето на правото и обидите да се воспостави ред на целата територија, оцени косовската влада го осуди убиството на српскиот политичар во Косовска Митровица.
„Насилството е неприфатливо, без разлика од каде доаѓа и за кого е наменето“ се вели во реакцијата на Владата.
Владата ги повика сите граѓани да соработуваат за решавање на случајот, и сторителите и да се доведат пред лицето на правдата.
Лидерот на граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“(СДП) почина откако синоќа беше застрелан пред канцеларија во Косовска Митровица.
Тој беше погодена со четири куршуми во градите и во безсвесна состојба беше префрлен во болница во Косовска Митровица, каде што подлегнал на повредите.
Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа итна седница на Советот за национална безбедност за денес 12 часот во врска со убиството.
Оливер Ивановиќ помина повеќе од две години во притвор поради наводни воени злосторства. Тој беше пуштен да се брани од слобода во април минатата година.
Во јули на Ивановиќ му беше запален автомобилот во Косовска Митровица.
Неговата партија ја напуштија четири члена заради заплашување, за време на кампањата за локалните избори во Косово на крајот од минатата година.
Медиуми јавуваат дека поради атентатот, суспендирани се преговорите помеѓу српската и косовската делегација во Брисел.





