Собранискиот претседател Талат Џафери ги собира на состанок кај себе во кабинет координаторите на пратеничките групи во врска со натамошната процедура за Законот за јазици и 35.000 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.
Законот и оваа недела не е ставен на т.н. трето читање, а СДСМ и ДУИ непрестајно бараат начин како да ја избегнат дебатата и тој да се усвои што е можно поскоро.
„Законот е во непоправлива фаза од процесот на неговото донесување. Оние кои се обидуваат да го попречат се свесни за овој факт, но тие го прават тоа за пропагандни аспекти, а ова делување ќе донесе уште поголема домашна и меѓународна изолација. Во моментот се усогласуваат понатамошните активности меѓу коалициските партнери и наскоро Законот ќе биде усвоен“, велат од ДУИ.





