На неколку локации во Каталонија дојде до близок контакт на полицијата и граѓаните кои се обидуваат да дојдат до гласачките места, и да го дадат својот глас на референдумот на кој е поставено прашањето за независноста на најбогатата шпанска покраина. Официјален Мадрид го смета референдумот за нелегален и затоа испрати засилени полициски сили кои од утринава ги одземаат гласачките материјали и ги враќаат луѓето од местата на кои има гласачки кутии. Се запленуваат и ливчињата и кутиите, што пак наиде на реакција на жителите на Барселона и околните поголеми места.

Но, каталонските власти изјавија дека гласачите може да ги испечатат гласачките ливчиња дома и да ги вметнат на избирачките место кое до тој момент не се затворени од полицијата.
“Не натераа да направиме нешто што не сакаме”, изјави Енрик Мило, претставник на шпанската влада во Каталонија.
За сега нема информации за повредени или хоспитализирани, но сите се во страв од ерупција на конфликтот.






