Контроли во Тетово и Гостивар – клуч за 2 угостителски објекти

 

При надзори во 10 угостителски објекти во Тетово и во уште 6 во Гостивар, затворени се два каде што се констатирани голем број неправилности, соопшти МВР.



Контролите биле извршени  во соработка со претставници од Управата за финансиска полиција, Државниот пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување .

Од МВР велат дека проверките се вршени со цел откривање нелегална трговија со дрога, посредување во проституција, перење пари, корупциски кривични дела од службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти кои вршат хотелски дејности и други незаконски активности.