Рајн Некар Левен се обидува да ги договори важните играчи на Европскиот првак Илија Абутовиќ и Хорхе Македа за следната сезона, што би бил голем удар врз амбициите на македонскиот тим веќе и за оваа кампања. Германскиот тим во кој веќе настапува Филип Талевски не крие дека е заинтересиран за извонредните бекови кои се препознатливи и по играта во одбрана, а медиумите шпекулираат дека и двајцата се веќе договорени.
Ако на ова се дададе дека Лука Циндриќ е веќе на половина пат до Киелце каде сигурно заминува следното лето и дека тренерот Раул Гонзалез има отворена понуда од ПСЖ тогаш јасно е дека Вардар наскоро ќе дојде до момент за превртница.
Траснферите не се никакво чудо со оглед на квалитетот на ракометарите кои играат во Јане Сандански, впрочем и не е само Рајн Некар заинтересиран и подготвен да плати, колку што се се проблематизира по овјавата и најавата на сопственикот на РК Вардар Сергеј Самсоненко дека наскоро ќе го напушти кормилото на црвено црните.
А Вардар има беспрекорни настапи и во новиот шампионат во кои веќе има четири победи, со едно реми и без пораз и прашање е како сета оваа „јагма“ по нашите играчи ќе се одрази на екипата.