Делумно се извадивме за неуспесите во првите две средби со славјето против Косово со 87-74 што ни остава шанси за пласман на една од првите две позиции во групата Ц кои од претквалификациите водат во главниот квалификациски дел од кој ќе се бара настап на Светското првенство во 2019. година. До посакуваната победа од повеќе од четири разлика дојдовме со, не многу сјајна или атрактивна игра во арената Борис Трајковски, во која само во второто полувреме се виде дека ние сме поквалитетни, по што ќе остане за дилема како загубивме од истиот противник пред десет дена или како губевме денеска со 22-17 по една четвртина и 41-40 на полувреме. Во второто веќе бевме поконцентрирани и помотивирани, настрана и сосема доволно квалитетни за ваков профил на противник. По исто сценарио како и во претходните дуели одигравме само едно полувреме, за среќа во овој случај, тоа беше второто, па во 30. минути имавме водство од 63-54, кое и го зголемивме на потребните и веќе споменати 13 разлика, 87-74. Најдобри кај нас Теодор со 20 и Војдан Стојановски со 14 поени. Овој исход не остава простор за прашањето кој е подобар, но остава несигурност околу нашиот статус и можност да дојдеме до посакуваниот пласман. Во Скопје денеска се играше без публика, што не е популарно, но се покажа корисно зошто мечот мина мирно и без никакви тензии.
Македонија-Косово 87-74. Ние славевме дури во третиот обид и сега победа во Талин не носи директно во квалификациите. Во спротивно, при пораз в среда од 17.30, има опција, ама други ќе треба да играат за нас. Моментно сме втори во групата Ц пред последниот меч кај Естонија.





