Американскиот Конгрес и официјално ја потврди победата на Доналд Трамп на претседателските избори.
Потпретседателката на САД и конкурентка на Трамп на изборите, Камала Харис, ги објави резултатите од гласањето, наведувајќи дека новоизбраниот претседател добил 312 гласа, а таа 226.
Нејзината објава предизвика громогласен аплауз во салата. Кога ја прогласи победата на Трамп, таа благо се насмевна, додека Републиканците се кренаа на нозе и ја поздравија победата на својот кандидат со овации.






