Коментаторот на РТС низ плач најави минута молк и за жртвите во Кочани (ВИДЕО)

Александар Стојановиќ, спортски коментатор на Радиотелевизија на Србија (РТС), го преплавија емоции при најавувањето минута молк и за настраданите во Кочани пред почетокот на реваншот од Лигата на нациите меѓу фудбалските репрезентации на Србија и на Австрија во Белград.