Командант Пантер бара дел од ПЈРМ пред да биде доцна

Поранешниот командат на УЧК, Хамди Ндрецај, познат како „Пантер“ ги повикува Албанците во ПЈРМ да ја земат работата во свои раце и да ја добијат територијта на земјава која им припаѓа, како дел од проектот Илирида.



-Нејасната албанска политика и непријатностите на хеленската политика оставаат простор за акција за различни, националистички или радикални сили. Значи Албанците во целина заради Илирида, мора итно без да ги прашуваат сервилните политичари да бараат поделба на Славомакедонската држава. Пандорината кутија се отвора. Постапувајте со зрелост и мудрост брзо, бидејќи утре може да биде предоцна. Вашата судбина е во ваши раце. Хеленската држава бара промени не само името, туку и го бара делот од територијта на ПЈРМ, вели Ндрецај, пренесуваат косовските медиуми.