Колишевски од СПЦ насилнички барал ракоположување на епископи на МПЦ

Свештеникот на српската егзархија во Македонија Отец Давид кој е најблизок соработник на Јован Вранишковски во своја колумна за Слободен печат тврди дека МПЦ – ОА не може да бара црква мајка да и биде Бугарската православна црква затоа што сите нејзини први владици се ракоположени од Српската црква.



Давид вели дека е нужно да се знае дека православната црква како conditio sine qua non ја смета благодатта, која непрекинливо се предава преку чинот на ракополагање епископи, од апостолско време до денес. Без сочувување на тој континуитет, не би можела да биде црква.

Давид цитира записници од разговор кој на 10 Мај 1947 г., го воделе патријархот српски Гаврил, генералот Љубодраг Ѓуриќ и Лазар Колишевски и вели дека тогаш имало насилничкото барање од Колишевски кој барал СПЦ да ракоположи епископи за МПЦ што било одбиено. Тогаш Гаврил одговорил дека тогашниот обид на МПЦ да добие автокефалност била одметничка авантура а таква според Давид е и сегашната со БПЦ.

Давид во колумната повторува дека МПЦ не може преку БПЦ да влезе во канонско единство со другите православни цркви но не кажува зошто 70 години од барањето на Колишевски, СПЦ не искажа желба ниту најде начин да ја признае автокефалноста на МПЦ – ОА.

Соработникот на Вранишковски не дава одговор ниту на прашањето зошто нивната српска егзархија ПОА 15 години не добива автокефален статус од страна на СПЦ.

Фото: oldprilep.com